Дивац не го избрал Дончиќ на драфтот поради „семејни причини“

Владе Дивац по одличната НБА-кариера доби можност да раководи со кошаркарските операции во Сакраменто кингс,  но српскиот ас дефинитивно ја утна работата кога станува збор за ланскиот драфт. Тој имаше опција да го избере Лука Дончиќ, наместо него реши во Сакраменто да го доведе Марвис Бегли, а според последните информации причините за ваквиот избор се бизарни – бидејќи Дивац лично го познавал таткото на Дончиќ, со кого не бил во добри односи.

Ова го тврди новинарот на ЕСПН, Тим Мекмен, кој важи за добро запознаен во случувањата во Сакраменто.

„Како што ми беше кажано, тоа што Дивац се познаваше со Лука у со неговиот татко влијаеше да не го доведе Словенецот во Сакраменто. Едноставно е – тој немаше добро мислење за таткото на Лука и одеше со логиката „каков татко – таков син“. Тоа воппшто не е точно, Владе го утна изборот, Дончиќ покажа дека Дивац воопшто не е во право“ – обелодени Мекмен.

 

Се вчитува...