Дивац: Влегувањето во „Куќата на славните“ е најголем успех во кариерата

Легендарниот српски кошаркар Владе Дивац, годинава официјално ќе стане член на „Куќата на славните“, а од Сакраменто Кингс каде сега е генерален менаџер, одлучија да му се заблагодарат на убав начин.

Пред натпреварот со Њу Орлеанс на големиот екран се појави видео-материјал од неговите натпревари за поранешна Југославија, доаѓањето во НБА, како и повлекувањето на дресот на „кингс“.

Дивац во кариерата имаше просек од 11,8 поени, 8,2 скока и 3,1 асистенција.

Дивац вели дека влегувањето во „Куќата на славните“ е најголемото достигнувањето во неговата кариера.

„Тоа е голема работа и мислам дека кога почнувате да играте кошарка не размислувате на таа тема. Но, влегувањето во „Куќата на славните“ е најголемиот успех во кариерата“, вели Дивац.

Се вчитува...