До пред пет години беше градежен работник, а вчера дебитираше за Италија

Синоќа во Лигата на Нации се одигра големото дерби меѓу Англија и Италија, реприза од ланското финале на Европското првенство. Дербито се одигра во Вулверхемптон, а заврши без голови во натпревар со многу битка. Двете селекции излегоа со комбинирани состави.

Во италијанската репрезентација една одлична животна приказна го одбележа овој дуел. Станува збор за Федерико Гати кој го живее својот сон.

Роден е на 24. јуни во 1998 година во Риволи, Гати почна од фудбалското „дно“ за да стигне до репрезентацијата. На 17 години покрај фудбалот, почнал да работи како ѕидар и столар откако неговиот татко останал без работа, а во исто време ја „тркалал топката“ по нисколигашите како Салуцо, Паварол и Вербани.

Со Вербани избори промоција во Серија Д, а потоа заминува во Серија Ц во Про Патрија.

Искачувањето на Гати не застана, па оди во Серија Б каде бил ангажиран од Фросиноне, а потоа заминува во Јувентус, кој го украл од Торино за 7,5 милиони евра. Врвот на кариерата беше синоќа кога го облече дресот на италијанската репрезентација и застана покрај славната Англија. И тоа го зазеде местото на своите идоли Бонучи и Кјелини. Како дебитант успеа да ја сочува мрежата и тоа против финалистот на минатогодишното ЕП.

Пред четири години паралелно Гати работел и во една продавница. Сонот е остварен, а Гати нема намера тука да застане.

Се вчитува...