Доби отказ од својот клуб – пријавил повреда, а отишол да слави со Црвена Звезда

Десниот бек на Рапид Виена Филип Стојковиќ, добил отказ од клубот од бизарни причини. Црногорскиот интернационалец не играл на бараж натпреварот за пласман во Лигата на Конференции за својот тим, а како причина на клубот навел дека е повреден.

Меѓутоа Стојковиќ бил виден на прослава на титулата и Куп трофејот на Црвена Звезда, неговиот поранешен клуб. Тоа не можеше да му го прости тимот на Рапид, кој веднаш без претходна најава го избрка од клубот.

„Рапид има тенденција да ги исполнува своите обврски кон играчите. Секој кој е дел од Рапид, мора да биде посведен и да има највисоко ниво на професионализам и страст до последниот работен ден. Јасно е дека во иднина ќе има тешки санкции за оној кој ќе ја крши дисциплината во нашите редови, и нема да толерираме никакви акции. Никој не е поголем од клубот“, велат од клубот од Виена.

Стојковиќ токму од Црвена Звезда замина во Рапид во 2019 година за 300 илјади евра. Претходно беше во центарот на вниманието откако одби да игра за Црна Гора во квалификацискиот натпревар со Косово, по што повеќе не се врати во националниот тим за кој одигра 15 натпревари.

Се вчитува...