Добра игра 35. минути, потоа грешка и водство на Грузија на полувремето (ВИДЕО)

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

Одличната игра во првите 35 минути од средбата на Македонија, не беше крунисана со гол, а потоа стигна казната од Грузија. Нашата репрезентација одлично го почна мечот во Тбилиси, но на полувремето заминува со негатива.

Уште во 3. минута Спировски се најде во шеснасетникот, беше нагазен од противнички играч, но според судијата немаше пенал. Главниот арбитар одмавна со раката и во 8. минута кога ударот на Алиоски беше блокиран, македонските фудбалери бараа рака. Во 10. минута првиот удар кон голот на Грузија, Спировски млако шутира, па Мамардашвили одбрани.

Во 21. минута закана од Спировски, силен удар, но грузискиот голман брани во корнер. Следуваат минути за Македонија, 23. минута удар на Барди од прекин, но повтормо Мамардашвили брани.

Се играше на половината на Грузија се до 35. минута, а потоа една грешка по левата страна скапо ја чинеше Македонија. Најпрво удар на Абдурџанија кој го брани Димитриевски од под пречка. Од изведниот корнер Кварцхелија по левата страна со дриблинг, ја упати топката во петерецот каде Миовски си постигна автогол.

После примениот гол пад на Македонија, па Грузија уште неколку пати ќе се закани по голот на Димитриевски. Нашата концепција како целосно да се сруши, па во финишот доминираа Грузијците, и добро е што дојде полувремето и негативата од еден гол, за македонските фудбалери да се одморат и соземат.

Се вчитува...