Добра вест: Барди не мора „под нож“

Енис Барди ќе мора дa отсуствува извесно време од терените, но македонскиот репрезентативец за среќа нема да мора да биде опериран по незгодната повреда што ја заработи на тренинг на националниот тим. Барди се врати назад во Валенсија, врз него беа извршени детални прегледи, по што лекарите дадоа препорака Македонецот да не мора да замине „под нож“.

„Никој не може точно да каже  кога Барди би можел да се врати. Она што е најважно во моментов е што момчето успеа да се спаси, да не мора да оди на операција. Со тоа сигурно се намалува и должината на паузата, но ние дефинитивно нема да брзаме, Барди ќе се врати само кога ќе биде стопроцентно подготвен за такво нешто“, изјави тренерот на Леванте, Пако Лопез.

Првичните проценки се дека македонскиот репрезентативец ќе може повторно да игра фудбал на почетокот од 2021 година.

Се вчитува...