Добра вест: Торес е свесен, зборувал со лекарите…

Фернандо Торес се наоѓа во стабилна состојба и е надвор од животна опасност по ТЕШКАТА ПОВРЕДА што ја заработи за време на натпреварот со Ла Коруња.

Голгетерот не беше при свест кога на носилки беше изнесен од теренот на „Риазор“, но по пристигнувањето во клиниката во Ла Коруња лекарите успеале да го разбудат, по што имале и краток разговор со него.

Фернандо Торес се освести и комуницираше со оние кои се најдоа во негова близина. Првичните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за траума на мозокот. Фернандо ќе ја мине ноќта во болница, каде ќе се следи неговата состојба и врз него ќе се извршат нови детални прегледи“ – соопштија од лекарскиот тим на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...