Добра вест за Баерн – Левандовски ќе игра во Мадрид

Роберт Левандовски е „алфа и омега“ во тимот на Баерн Минхен, па баварците неслучајно беа пресреќни откако полскиот голгетер го издржа целиот денешен тренинг, ставајќи му се на располагање на тренерот Карло Анчелоти за реванш дуелот од ЛШ против Реал Мадрид. Тој поради повреда на рамото не настапи на првиот меч во Минхен што Баерн го загуби со 1-2, дуел на кој Томас Милер целосно потфрли, идентично како и на последниот бундеслигашки дуел со Баер Леверкузен што заврши 0-0.

Се чувствував добро и пред Леверкузен, но бев суспендиран за тој меч, па решивме да не ризикуваме со тренинзи пред викендот. Се е во најдобар ред и секако дека очекувам да играм против Реал“ – изјави Левандовски.

Проблемите со нападот на Анчелоти дефинитивно се решени, но стратегот на Баерн има огромни проблеми околу формирањето на дефанзивната линија за дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, за кој ќе ги нема на располагање тројцата најдобри одбранбени играчи, Хумелс и Боатенг се повредени, додека Хави Мартинез е суспендиран по црвениот картон заработен на првиот меч на „Алијанц Арена“.

Се вчитува...