Добра вест за Борусија: Марко Ројс се враќа за Монако

Борусија Дортмунд ќе биде значително засилена за утрешниот четвртфинален натпревар против Монако откако беше обелоденето дека Марко Ројс ги надминал проблемите со повредата и ќе биде во комбинација за настап против „кнезовите“. Германскиот репрезентативец отсуствуваше повеќе од еден месец поради болка во пределот на мускулот, но откако во последните денови тренираше со остатокот од тимот, денеска доби зелено светло од лекарскиот тим на „милионерите“.

Ројс ќе биде во составот, но уште немам решено дали ќе стартува или ќе влезе во второто полувреме. Мора да бидеме внимателни со нашиот капитен, кој има многу проблеми со повредите“ – изјави тренерот Томас Тухел.

За разлика од Ројс, Тухел нема да може да смета на останатите двајца германски репрезентативци, Андреас Шурле и Марио Геце, кои нема да бидат во комбинација за настап на утрешниот дуел.

Се вчитува...