Добра вест за Елмас: Кварацкелија е трансфер цел на Манчестер Сити

Квича Кварацкелија ова лето го засили Наполи, а голема е веројатноста дека нема долго да остане во редовите на неаполитанците откако во првите 14 натпревари во Серија А блесна со седум гола и осум асистенции. Со тоа го привлече интересот на Манчестер Сити кој наскоро ќе тргне во офанзива по неговиот ангажман.

Грузискиот репрезентативец беше трансфер цел на „граѓаните“ и во минатото, но англискиот клуб не веруваше во неговиот квалитет за „големата сцена“. Сега работите се променети и Пеп Гвардиола во него гледа како еден од клучните играчи за развој на тимот во иднина.

Кварацкелија го засили Наполи за 11 милиони евра, но доколку сакаат да дојдат до неговиот потпис „граѓаните“ ќе мораат да издвојат најмалку 60 милиони евра, пренесуваат медиумите во Италија.

Трансфер на Кварацкелија би било добро и за македонскиот репрезентативец во Наполи, Елиф Елмас чија минутажа драстично се намали по доаѓањето на Грузиецот. Македонецот кој поголемиот дел од натпреварите ги поминува на клупата за резерви воедно беше и во центарот на јавноста ироничната објава упатена до тренерот Спалети.

Се вчитува...