Во таборот на ГРК Охрид имаат причина за задоволство по денешната ждрепка за третото коло од ЕХФ Купот, во кое македонскиот тим за ривал го доби претставникот на БиХ, Слога Добој.
Охриѓани беа носители при ждрепката, како потенцијална „мина“ беше словенечкиот тим Целје кој налета на српска Војводина, а македонскиот претставник исто така за ривал доби екипа од поранешна СФРЈ.
Слога Добој во претходната руда го елиминираше тимот на Добелес од Летонија кој беше совладан со убедливи 41-31 на првиот меч, за на реваншот летонскиот состав да слави со минимални 34-33.
Според ждрепката, првиот дуел ќе се игра викендот 15/16 ноември во Охрид, а реваншот седум дена подоцна во Добој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

