Добри вести од Белград: Здравствената состојба на Петровиќ се подобрува

После претрпени мозочни удари по сообраќајната несреќа, легендарниот тренер на Црвена Звезда Љупко Петровиќ е подобар, соопшти неговиот син Срѓан Петровиќ.

Петровиќ доживеа сообраќајна незгода откако со неговиот автомобил возел во спротивен правец, по што веднаш бил пренесен во болница каде што беше во животозагрозувачка состојба.

„Татко ми е се подобар од ден на ден. Лекарите се оптимисти, специјалистичките прегледи охрабруваат и се надеваме на најдоброто. Процесот на опоравување може да трае и неколку месеци“, рече неговиот син Срѓан.

Љупко Петровиќ сите го паметат по титулата европски шампион со Црвена Звезда во 1991 година. Тогашната генерација предводена од Панчев, Савичевиќ, Михајловиќ, Просинечки, во финалето во Бари на пенали го совлада Олимпик Марсеј.

Се вчитува...