Фудбалскиот клуб Горица од Хрватска, соопшти дека нивниот фудбалер Абдулах Талал Хамид е пронајден жив и здрав. Неговото исчезнување го пријави самиот тим во понеделникот кој соопшти дека на играчот му се губи секаква трага од Будимпешта на пат кон Велика Горица.
Унгарската полиција го пронашла играчот, а потоа бил на испитување во полиција. Клубот не соопшти детали што се случувало со фудбалерот од Ирак, кој има и шведски пасош.
„Хамид е пронајден од унгарската полиција, а распишаната потерница е повлечена. Хамид го контактираше нашиот претседател Ненад Чрнко, и се заблагодари за грижата. Повеќе информации околу случајот ќе бидат соопштени дополнително“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА