Добри вести во најава: Стоилов ќе биде „фит“ за Грција – Македонија?!

Македонската ракометна репрезентација би можела да биде посилна за Стојанче Стоилов на стартот од новиот квалификациски циклус за ЕП 2020, откако одличниот пивот влезе во последна фаза од рехабилитацијата по незгодната повреда што ја заработи на стартот од сезонава.

Информациите од таборот на Вардар говорат дека капитенот на „црвено-црните“ е подготвен за камбек и веќе во следната седмица треба да му се приклучи на остатокот од тимот. Точниот датум на враќање на официјален натпревар не може однапред да се прогнозира, но во секој случај големи се шансите Стоилов да биде „фит“ за претстојните репрезентативци предизвици, дуелите со Турција и со Битола на крајот од месецов.

Македонија новиот квалификациски циклус го почнува со натпреварот на домашен терен против Турција, што ќе се игра во салата „Младост“ во Битола на 25 октомври, додека три дена подоцна во Кожани, ќе се игра натпреварот меѓу Грција и Македонија. Јасно е, очекувањата се шест бода од овие две средби за широко отворање на вратите кон европскиот шампионат, во пресрет на двомечот со селекцијата на Исланд.

Се вчитува...