Првиот финален натпревар во АБА лигата донесе неверојатна драма во Подгорица каде Партизан се „врати од мртвите“ во последните 40 секунди од натпреварот. Негативата од осум поени белграѓани ја претворија во продолжение, а потоа беа уверливи и во дополнителните пет минути за презначаен „брејк“.
Поразот не е единствената причина за грижа за Црногорците бидејќи едни од најзначајните кошаркари во составот, Мекинли Рајт и Џувеoн Морган заработија повреди.
МВП-то на АБА лигата кој се повреди уште на полуфиналната „мајсторка“ против Црвена Звезда проба да настапи на натпреварот, но не беше во можност, додека Морган го пропушти финишот на средбата со Партизан поради лош пад.
Првичните информациите од главниот град на поранешната југословенска држава велат дека не станува збор за тешка повреда и дека медицинските лица напорно работат за нивна рехабилитација. Очекувањата се дека Американците ќе бидат дел од утрешниот втор натпревар кој повторно се игра во „Морача“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА