Добри вести за Челси: Азар и Тери остануваат на „Стемфорд Бриџ“

Иако можеше да биде новиот најскап играч на планетата, Еден Азар ќе потпише нов, побогат договор откако неговиот менаџер, Антонио Конте го убеди да остане на „Стемфорд Бриџ“. Белгиецот пред две години беше награден со плата од 200.000 фунти неделно, но интересот од „кралевите“ го натераа Абрамовиќ навреме да реагира и да го осигура Азар. Самиот Азар имаше изјава дека е среќен таму каде што е, не планира да ја менува средината во блиска иднина и дека е фокусиран само на предизвикот што е пред него и неговиот клуб.

Најдобриот играч на Челси ќе заработува 300.000 фунти неделно, а едно од ветувањата на Конте е дека клубот на лето планира драстични засилувања со цел да се борат за најелитното клубско натпреварување. Освојувачот на наградата „најдобр играч за сезона 2014/15“ во Премиер лигата, досега има постигнато 14 погодоци за клубот и државата, и е еден од најзаслужните за успехот на тимот сезонава. Челси е веќе пред целта наречена „англиски шампион“, а за Азар ова ќе биде втора титула во првенството за три години, доколку дружината на Конте продолжи со ист ритам во наредните натпревари.

За постарите фанови на „сините“ добрата вест е што и капитенот Џон Тери ќе остане најмалку уште една година и ќе ја прослави дваесеттата сезона во дресот на неговиот Челси. Ветеранот сезонава не е во прв план на Конте, но самииот Тери изјави дека не е важно колкава минутажа добива, се’ додека тимот ги постигнува посакуваните резултати.

36-годишниот стопер ќе стави потпис на нови 12 месеци соработка, иако сезонава неколку пати беше на излезна врата. Сепак Конте знае дека неговото искуство и влијанието во тимот ќе му помогнат и сезонава и во иднина, сепак Тери е икона на клубот.

Се вчитува...