Добри вести за Челси и Барселона – Обамејнг во „сино“ значи избегнување на каталонска бламажа

Челси е на добар пат да го засили нападот со ангажманот на Пјер Емерик Обамејанг. Преговореите со играчот за условите се одвија во најдобар можен ред, а и тие со шпанскиот тим напредуваат. Барселона за неговите услуги бараше 30 милиони евра, но на крајот се чини дека ќе прифати 15 милиони евра и играч.

Станува збор за Маркус Алонсо за кој веќе нема место во Челси по пристигнувањето на Марк Кукуреља, а за тоа говори и фактот дека беше изоставен од тимот за првите два натпревара од Премиерлигата. Враќањето во Шпанија беше приоритет и на самиот Алонсо кој веќе ги договори условите со Барселона и останува уште двата тима да ги „подадат рака“.

Заминувањето на Обамејанг од Барселона ќе ослободи девет милиони евра во плата со што каталонците ќе можат да го регистрираат Џулс Кунде и да избегнат бламажа и пропаѓање на 50 милиони евра. Како потсетување, Французинот во договорот има клаузула која вели дека доколку не биде регистриран до 31. август ќе може слободно да го напушти клубот.

Се вчитува...