Адеми: Се чувствувам добро, многу подобро од што беше…

Одлични вести доаѓаат од Загреб во врска со македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Откако вчера од Динамо објавија дека Адеми повторно се жали на повреда, дополнителните прегледи покажаа дека не се работи за ништо посериозно, нешто што го потврди и самиот фудбалер.

„Моето враќање беше одложено. Повредата беше навистина незгодна. Тоа беше повреда која заздравуваше бавно. Сите се обидовме да се вратам што е можно побрзо, но јас не се чувствував подготвен. На некои магнетни тестови, крвта беше видлива околу мускулите, беше непријатно, не беше паметно да се брза. Тоа би било огромен ризик, требаше да биде бавно, постепено. Постојано ме болеше, не можев да додадам гас на теренот, а така не може да се игра. Чувствувам малку повеќе болка, но ова е нормално во оваа фаза сега, бидејќи се уште имам мало воспаление. Но, тоа е многу подобро отколку што беше порано, сега се чувствувам добро“, изјави Адеми.

Тој нема да биде дел од натпреварите на својот тим против Славен Белупо и Генк, но најверојатно ќе биде подготвен за октомвриските квалификациски дуели против Лихтенштајн на гости и Германија дома.

Се вчитува...