Косовскиот фудбалер Бенјамин Кололи го постигна победничкиот гол за Цирих во триумф против АЕК Ларнака од 0-1 во Лигата на Европа.
26-годишниот фудбалер погоди од пенал, кој беше досуден откако македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов играше со рака во домашниот шеснаесетник. Но, прославата на голот за малку ќе го чинеше и глава.
Сакајќи да прослави со навивачите на својот тим, Кололи ја прескокна оградата и потоа упадна во дупка која ги раздвојува трибините од теренот. За среќа, се извлече неповреден…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА