Дочекавме и кошаркарска радост, Словачка средена во Попрад

Кошаркарската репрезентација на Македонија конечно почна да ја надминува голмата резултатска криза откако нашиот национален тим славеше со резултат 66-74  на гостувањето против Словачка. Ова беше дуел со директниот ривал за првото место во групата, па јасно е дека со него широко се отвораат вратите за пласман во главните квалификации. Војдан Стојановски беше одличен во клучните моменти, мора да се истакне и значајниот придонес на Ричард Хендрикс, но главна одлика на Македонија беше одличниот колектив, пред се во одбраната, со кој по скратена постапка, за само едно полувреме го скршивме отпорот на домашната селекција. Словачка опасно се закани на стартот од последната четвртина, но во клучните моменти покажавме квалитет и карактер, на крајот заслуженор адувајќи се на победата.

Стартните десет минути минаа во добра игра во нападот, без речиси никаква дефанзива и на словачкиот и на македонскиот национален тим. Домаќините поведоа со 10-6, но возвративме на вистински начин и експресно се вративме. Војдан Стојановски одлично ја презеде одговорноста и веќе во првата четвртина имаше шест поени и четири асистенции, додека под обрачите очекувано царуваше Хендрикс, кој во првите десет минути постигна десет поени, надополнети со три скока, две украдени топки и една блокада.

slovacka hendriks odbrana

Во втората четвртина се влезе со наше минимално водство од 22-23, за потоа да заиграме поцврсто во одбраната, во првите шест минути од вториот период примивме само пет поени, па со поените на Хендрикс поведовме со 27-34. Серијата на Македонија ја прекина Иринг со тројка, но тоа не ги исфрли од ритам избраниците на Давитков, кои набрзина реализираа уште два напади преку Војдан Стојановски и Караџовски, па словачкиот селектор беше принуден да побара тајмаут при резултат 30-38. Со поените на Војдан Стојановски во 19. минута првпат стигнавме и до двоцифрена предност (30-40). Формацијата со Хендрикс на центар и Ѓуроски на „четворка“ се покажа полн погодок во одбраната, на спротивната страна доминираше Војдан, па Македонија замина на одмор со преубедливи 30-44.

Нападот не функционираше како во првото полувреме, па откако домаќините се приближија на „плус десет“, Давитков експресно побара тајмаут. Советите вродија со плод, одбраната повторно профункционира, Дамјан Стојановски погоди тројка, потоа од далечина прецизни беа и Соколов и Ѓуроски, па предноста рутински се одржување, а во последните десет минути се влезе со „плус шеснаесет“ за Македонија (43-59). Проблемите се појавија на стартот од четвртата четвртина, откако Словаците за нешто повеќе од две минути направија серија од 7-0, па Давитков повторно побара тајмаут. Сепак, серијата на домашниот тим не беше прекината, ос Словачка експресно дојде и до 55-59, пред Хендрикс да погоди тројка. Американецот беше во клучна улога и нешто подоцна, кога при резултањт 56-62 најпрвин украде топка, а потоа на спротивната страна погоди две слободни фрлања. Дилемите околу победникот со „два плус еден“ ги разреши искусниот Соколов, за Војдан Стојановски со тројка на една минута до крајот да стави крај на сите надежи на домаќините за камбек на оваа средба, што Македонија заслужено ја доби со 66-74.

Хендрикс беше импресивен на камбекот за Македонија со 21 поен, 14 скокови, 4 украдени топки и две блокади, Војдан Стојановски стигна до 20 поени, додека Дамјан Стојановски и Ѓуроски го завршија мечот со по осум поени. Мора да се истакне добрата игра во одбрана против главниот домашен кошаркар Кајл Курич, кој постигна 11 поени со шут од поле 3/10.

Македонија во вториот натпревар од овие претквалификации в недела ќе го пречека аутсајдерот Швајцарија, дуел со кој треба да направиме уште еден чекор напред кон пласманот во главната квалификациска рунда за ЕП 2021.

Се вчитува...