Додека другите гледаат Светско првенство, Мурињо работи: Рома има ново засилување

Италијанскиот прволигаш Рома денеска доби нов играч во своите редови откако клубот го потврди ангажманот на 24-годишниот Норвежанец Оле Солбакен. Играчот кој ја покрива крилната позиција во Рим доаѓа од Бодо/Глимт.

Солбакен веќе се сликаше со грбот на клубот, но трансферот официјално ќе биде реализиран на 1. јануари кога почнува преодниот рок во Италија. Тој во редовите на „волчицата“ пристигнува како слободен играч бидејќи актуелниот договор со норвешкиот шампион му завршува на последниот ден од декември.

Се вчитува...