„Додека се делиме на наши и ваши, на подобни и неподобни, и не само во спортот, во Македонија ќе нема напредок!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, гости двајца актери од македонската кошарка, од оние златни години на овој спорт кога дојдовме и до четвртото место во Европа, тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски како и еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски.

Осврнувајќи се на бројни теми од домашната кошаркарска сцена, поранешниот директор во Кошаркарската федерација, Илија Мерџановски потенцираше дека еден од клучните проблеми на македонскиот спорт, но и македонското општество воопшто, е постојаната поделба, во зависност од политичката или друга определба, на ваши и наши, на подобни и неподобни…

„Не можам да ги разберам промените во федерациите само поради завист едни кон други. И мислам дека сѐ додека така работиме, се делиме на наши и ваши, на подобни и неподобни, во сè, не само во спортот, нема да имаме напредок. Кога е во прашање спортот и успехот и државата, односно државниот интерес, мора сите да се сплотиме во сè, а во спортот најмногу“ – вели Мерџановски во „ПРЕСИНГ“ и дополнува:

„А, не, ако постигнеме нешто, и тогаш бил Тоше на чело на федерацијата, да му љубомориме или за да не постигне, да го бојкотираме, за да не биде подобар од мене. А, интересот спортски, клупски и национален да го занемариме, да го запоставиме“.


=================================================

Заследете го нашиот јутјуб-канал

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ТОДОР ГЕЧЕВСКИ И ИЛИЈА МЕРЏАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...