Додев: Среќен сум што донесов бод за Брегалница, но заслуживме триумф во Велес

Фудбалерите на Брегалница се подготвуваат за пресметка со лидерот Академија Пандев во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига кој се игра во сабота (28. август) на Градскиот стадион во Штип.

По четири ремија на стартот од сезоната „сините“ сега ги очекува најголемиот предизвик со екипата која води победнички ритам изминативе три кола.

Во Велес бодот со гол во последните минути го донесе Дарко Додев кој вели дека очекува квалитетна претстава на тимот против Академија Пандев, и атак на првата победа сезонава иако, сосема јасно, ќе биде тежок натпревар.

„Среќен сум што постигнав гол за бод во последните минути во Велес, но мора да кажам дека ако се погледнат случувањата на натпреварот заслуживме и три. Бевме далеку подобар тим на теренот, но тоа е фудбалот. Тоа останува зад нас и сега максимално се фокусираме на натпреварот со Академија Пандев. Секако посакуваме да дојдеме до победа иако не очекува дуел со екипата со најдобар старт на сезоната во првенството. Јасно е дека ќе биде тежок натпревар, но мора да го дадеме максимумот да ги израдуваме нашите навивачи“ – вели Додев во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...