Договорено: Агуеро доаѓа во Барселона!

Барселона ќе излезе како победник од трката по Серхио Агуеро откако Хоан Лапорта го убедил аргентинскиот голгетер да се приклучи на неговиот проект на „Камп Ноу“. Агуеро е еден од неколкуте врвни фудбалери кои се достапни без никаква отштета на пазарот, а неговиот ангажман беше приоритет за Лапорта пред се поради фактот дека станува збор за играч кој е близок пријател со Лионел Меси.

Каталонските медиуми тврдат дека неколкуте состаноци минале беспрекорно, при што биле договорени сите детали. Копијата од договорот е веќе испратена со агентот на голгетерот, а се очекува во следните денови Аргентинецот и официјално да го стави потписот на него, па да ги мине најмалку следните две години во дресот на Барса. Каталонците за неделава го најавија официјалниот почеток на преговорите за нов договор со Меси, а договорениот трансфер на Агуеро уште повеќе ќе ги зголеми шансите за најдобриот играч на денешницата да остане на „Камп Ноу“.

Серхио Агуеро во изминатиот период беше поврзуван со преселба во Челси, но искусниот голгетер на крајот решил да остане лојален на Манчестер Сити и да не се пресели во друг англиски премиерлигаш.

Се вчитува...