Моисес Кеан ќе го добие она што го посакуваше – трансфер во Комо и настапи во Лигата на Шампионите откако италијанскиот репрезентативец вчера одби да тренира со Фиорентина јавно барајќи клубот да ги интензивира преговорите за негова продажба.
Најновата рунда преговори вроди со плод, Комо се согласи да плати 40 милиони евра, Фиорентина ја намали сумата од 45 милиони на кој инсистираше до пред два дена, па двата италијански прволигаши најдоа заеднички јазик и се очекува до крајот на оваа седмица Кеан да ги мине лекарските прегледи и да ја има својата официјална промоција како главно засилување за тимот на Цеск Фабрегас за наредната сезона.
Фиорентина во меѓувреме ја најде и замената за својот голгетер, финиширајќи ги преговорите со Манчестер јунајтед за Џошуа Циркзе. За холандскиот напаѓач се интересираше и Јувентус, но „виолетовите“ се согласија на условите на англискиот клуб, плаќајќи пет милиони евра за едногодишна позајмица, со можност следното лето целосно да го откупат договорот на Циркзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
