Договорено: Црвена Звезда го избра Наваро за тренер

Веќе нема никаква дилема, Ибон Наваро ќе биде предводник на Црвена Звезда од летово откако управата на српскиот евролигаш го избра токму Шпанецот за наследник на Саша Обрадовиќ.

Наваро имаше успешни четири години како предводник на Уникаха, период во кој освои дури седум трофеи, но овој стратег неодамна обелодени дека го напушта клубот од Малага во потрага по нов предизвик во кариерата.

Tој беше поврзуван и со Барселона по заминувањето на Чави Пасквал, но откако Црвена Звезда се вклучи во трката Ибон се истакна како главен кандидат за преселба во белградскиот евролигаш.

„Црвено-белите“ во меѓувреме разговараа и со Василис Спанулис, но на крајот изборот падна врз Наваро, за чиј ангажман ќе биде платена и клаузула од 300.000 евра на неговиот клуб Уникаха.

Се вчитува...