Зајон ќе заработи повеќе пари со „Џордан“ од Леброн

Спонзорскиот договор кој првиот пик на НБА драфтот Зајон Вилијамсон го потпиша со брендот „Џордан“ кој е во траење од пет години е најскапиот спонзорски договор за производител на патики кој го има потпишано еден дебитант во НБА лигата.

Договорот на Вилијамсон ќе изнесува повеќе од 10 милиони долари годишно, што го прави најскапиот договор во историјата на НБА и поскап од тој на Леброн Џејмс во 2003, кога „кралот“ потпиша со „Најки“.

„Џордан“ е еден од најмоќните брендови во модерната НБА, а своите линии ги носат ѕвезди како Расел Весбрук и Крис Пол.

Се вчитува...