Дојде крај на серијата – Зидан конечно елиминиран во ЛШ

Дојде крај на неверојатната серија на Зинедин Зидан во Лигата на шампионите. Францускиот стратег по три освоени титули со Реал Мадрид во елитното натпреварување, конечно е елиминиран, откако загуби од Манчестер Сити во осминафиналето со вкупни 4-2.

Зидан досега 12 пати беше дел од нок-аут фазата и ниту еднаш не беше елиминиран. Сепак, дека англиските тимови се незгодни за Зидан покажува податокот дека тој доби само два од седумте меча против англиските тимови во периодот откако е тренер на Реал.

 

Се вчитува...