Дојде ли време за разделба!? Симеоне презема гигант од Премиерлигата!?

Во 2011 година, Диего Симеоне го презеде тимот на Атлетико Мадрид чиј тренер е и ден-денес, дури и петнаесет години подоцна.

Дури 790 натпревари Симеоне го предводел Атлетико Мадрид како тренер, а со овој тим ќе игра и во полуфиналето на Лигата на шампионите оваа сезона.

Пред да пристигне во Атлетико Мадрид, Диего Симеоне работеше како тренер во Расинг Клуб, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.

Симеоне многу пати претходно истакнувал дека негов сон е да биде на клупата на Интер, но како што стојат работите, тој сон сепак нема да се оствари.

Одеднаш, Диего Симеоне, според англиските медиуми, стана фаворит број еден за наследник на Лиам Розениор во Челси.

Челси не игра добро и полека го губи местото што води во Лигата на шампионите следната сезона.

Според новинарите на „Сан“, прв фаворит за наследник на Розениор е Диего Симеоне кој е убедливо прв избор на челниците на Челси, а кои веруваат дека можат да го реализираат договорот и да го доведат најплатениот тренер во светот.

За време на неговиот престој во Атлетико Мадрид, тој го направи овој клуб тим што може да се натпреварува со Реал Мадрид и Барселона.

Тој исто така освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија, како и две европски лиги и два Суперкупа на УЕФА. Симеоне има шанса да ја освои Лигата на шампионите и оваа година.

Се вчитува...