Дојде, виде, освои: Дубаи е нов шампион во АБА лигата!

Кошаркарите на Дубаи се шампиони сезонава во АБА лигата откако вечерва стигнаа до победа на гостувањето кај Партизан со 81-83 и со тоа славеше во финалната серија од регионалното натпреварување со 3-1.

Двата тима одиграа еден израмнет натпревар во кој во ниту еден момент ниту еден тим не успеа да се одлепи. Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која со двете слободни фрлања на Алекса Аврамовиќ на 15 секунди до крајот Дубаи стигна до својата прва титула во регионалното натпреварување 81-83.

Мифунду Кабенгеле со 14 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените по 16 поени постигнаа Исак Бонга и Стерлинг Браун.

Се вчитува...