Дојде, виде, замина: Пако Алкасер во Арапските Емирати издржа само 40 часа

Шпанскиот голгетер Пако Акласер ова лето замина во клубот Ал Шарџа од Обидинетите арапски емирати на позајмица од Вилајреал, но престојот на Блискиот исток му траеше само 40 часа откако новиот клуб се одлучи експресно да ја прекине соработката.

Причината за истото останува непозната, гласините велат дека на Шпанецот не му се допаднала новата дестинација. Тоа беше повод за шала на социјаните мрежи каде коментарите се однесуваат на долгиот пат и летот од осум часа. Тој помина повеќе време во авион отколку во Обидинетите арапски емирати.

Враќањето на 28-годишникот во Вилјареал значи проблем за шпанскиот состав кој беше на прагот да го ангажира Едисон Кавани. За тоа му беше потребно да се ослободи од Алкасер, тоа и го направи, но сега мора повторно да бара дестинација за отпишаниот играч.

Се вчитува...