Дојде во Милан како големо засилување, си оди како супер-промашување

Кога Анте Ребиќ го напушти Ајнтрахт и дојде на позајмица во Милан, во таборот на „росонерите“ се надеваа дека добиваат значајно оружје во нападот. Неколку месеци подоцна, Хрватот е огромно разочарување за сите во клубот, се мачи со повреди, а и кога е здрав игра далеку под очекувањата, па не изненадува што Милан не само што нема намера да го откупи неговиот договор, туку и сака да ја прекине позајмицата веќе во јануарскиот преоден рок.

За оваа опција е и самиот фудбалер, кому јасно му било ставено до знаење дека ако продолжи да ја грее клупата во Милан нема да може да се надева ниту на репрезентативен повик за ЕВРО 2020. Поради ова Ребиќ исто така бара трансфер, но проблем е што нема премногу опции во моментов.

Тој одбил неколку понуди од Кина бидејќи сака да остане во Европа, но на „Стариот континент“ нема преголем интерес за негов ангажман. Како можна опција е и враќање во Ајнтрахт, особено ако се земат во предвид големи проблеми со кои тимот од Франкфурт се соочува сезонава, по заминувањето на напаѓачкото трио Ребиќ – Јовиќ – Халер.

Се вчитува...