Дојде во Пјонгчанг за медал, а заработи две скршеници

Британската сноубордерка Кети Ормерод дојде на ЗОИ во Пјонгчанг со амбиции да освои златен медал, но доживеа екстремно разочарување. Таа на тренинзите заработи двојна скршеница, и нема да се натпреварува за медалите.

„Максимално сум разочарана. Толку се радував дека ќе учествувам на Игрите во Пјонгчанг, но сето тоа сега е веќе недостижно. Ќе чекам нова шанса и ќе морам прво да закрепнам, па потоа и да работам напорно. Ќе има и други можности, уште отсега ќе размислувам за следните Олимписки Игри“, изјави Кети Ормерод.

Нејзината приказна во Пјонгчанг е навистина тажна. На првиот тренинг падна и заработи скршеница на зглобот на раката, се обиде повторно да тренира и во нов пад го скрши глуждот на ногата.

 

Се вчитува...