Дојде време да се каже збогум – Валентино Роси најави крај на кариерата

Валентино Роси објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона. Италијанскиот мотоциклист важи за еден од најдобрите во историјата на овој спорт, но во последните години неговите резултати се движеа во надолна линија, по што тој реши да му каже збогум на професионалното воззење мотори.

Италијанецот ги изненади присутните со објавата на прес-конференцијата пред претстојната трка од Мото ГП шампионатот.

„Веќе најавив дека конечната одлука ќе ја донесам во текот на летото, сега таа одлука е донесена. Ова ми е последна полусезона, кога ќе заврши дефинитивно ќе ја завршам кариерата. Секако дека сум тажен, нема да возам во Мото ГП по завршувањето на сезонава. Сепак, ова го правам во последните 30 години од животот и дефинитивно од 2022 ќе мора да менувам нешто во начинот на функциониање“, изјави 42-годишниот Валентино Роси, кој во кариерата има вкупно девет шампионски титули, седум од нив во Мото ГП.

Се вчитува...