Доказ дека и Лео Меси е човек: Промаши пенал, погоди дирек и „сруши“ два рекорди

Нормално е да се каже дека е изненадување доколку Барселона победи со 4-0, а меѓу стрелците не е запишан Меси, а при тоа имал шанса да погоди од белата точка. Овој викенд на мечот против Депортиво Ла Коруња неговото „проклетство“ продолжи, човекот кој ја навикна фудбалската јавност да поставува нови граници во овој спорт, зад своето име запиша неколку рекорди кои ќе сака што побрзо да ги заборави.

Во 40. минута од средбата Аргентинецот се најде во ситуација да го зголеми водството на „каталонците“ на 2-0, но го погоди дирекот. Со тој удар Барселона стигна до 23. шут кон противничкиот гол кој завршил во рамката оваа сезона, додека Меси дури 13 пати сам го погодувал дирекот или гредата.

Во второто полувреме конечно доби прилика да го слави својот 15. гол во првентсвото сезонава, Суарез изнуди пенал, но голманот на гостите Рубен Мартинез ја одбрани својата мрежа од ударот на Меси. Така ѕвездата на Барселона се запиша како првиот играч на клубот по Самуел Ето во 2005 година, кој промашил три пенали во една година.

Се што успеа Роналдо да направи во 2017 година, кај Лионел Меси се случува токму спротивното. Аргентинската ѕвезда одново остана без „Златната топка“, иако имаше повеќе голови, асистенции, успешни дриблинзи и што уште не од неговиот најголем ривал.

Се вчитува...