Доколку имаат ковид позитивни тимовите во НФЛ автоматски ќе го загубат мечот

Доколку некои натпревари во претстојната сезона во НФЛ не се играат поради коронавирус, а нов термин не е возможно да се најде, тимот поради кој ќе мора да биде откажен мечот ќе му биде запишан пораз, додека неговиот противник ќе добие автоматска победа, одлучија од лигата.

Лига со официјален меморандум ги извести сите франшизи за донесената одлука, наведувајќи дека првата историска сезона која ќе трае осумнаесет седмици не планираат да ја продолжат за уште една. Во ниту еден случај не мислат тоа да го направат, па дури и поради презакажување на мечеви проади Ковид.

Новата НФЛ сезона почнува на 12. септември со мечот меѓу Бафало Билс и Питсбург Стилерс.

Се вчитува...