Легендарниот НБА-кошаркар Џулиус Ирвинг, популарниот Доктор Џеј, вели дека кошаркарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, ќе ја промени НБА-лигата, односно центрите повторно ќе го имаат главниот збор.
Од 1956 година па се 1980 година, токму центрите доминираа во НБА-лигата и вообичаени МВП-наградите ги освојуваа тие. Доминацијата ја започнаа Бил Расел и Вилт Чембрлен кои заедно освоија 13 МВП признанија за најкорисни играчи во сезоната, а потоа ова признание го освојуваа и Вес Анселд, Вилис Рид, Карим Абдул Џабар, Боб Макаду, Бил Волтон и Мозес Мелоун.
Во 1980-тите години, во фокусот беа играчи како Доктор Џеј, Лери Бирд и Меџик Џонсон, по што следуваше доминацијата на Мајкл Џордан.
Од 1984 година па се 2020 година, само тројца центри биле МВП на регуларниот дел од сезоната, Хаким Олајџувон, Дејвид Робинсон и Шекил О’Нил. Во последните шест години, Јокиќ освои три МВП признанија, Џоел Ембид едно, за во последните две сезони овој трофеј да замине во рацете на бекот на Оклахома сити, Шеј Гилџес Александер.
„Мислам дека Вембањама ќе ги промени работите, ќе ја промени НБА-лигата и нејзината состојба. Денеска бековите и крилата доминираат на теренот, а во моето време тоа беа центрите. Мислам дека од 1966 до 1982 година, само центри освојуваа МВП трофеи, со исклучок на Оскар Робертсон. Потоа се променија работите и бековите станаа главни, но Вемби повторно ќе ги промени работите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
