„Докторот“ без милост: Докузовски победи со 91 поен разлика

Марин Докузовски успеа да врзе три победи во низа како тренер на Пеќ во косовскиот шампионат, но овој денешниот најверојатно ќе биде запаметен и како најубедлив во кариерата на трофејниот македонски стручњак.

Имено, Пеќ денеска на домашен терен ја пречека Дрита, дуел што избраниците на Докузовски го добија со преубедливи 91 поен разлика (140-49).

Кошаркарите на Пеќ доминираа од самиот почеток, ја добија првата четвртина со 37-19, а најубедливи беа во третата и во четвртата четвртина, што ги добија со по 28 поени предност (38-10, 37-9).

Се вчитува...