Натпреварот меѓу Олимпијакос и Панатинаикос кој се игра во осмото коло од грчката Суперлига, сè уште е во прекин и сè уште траат убедувањата натпреварот да се доигра.
Мечот беше прекинат во 56-та минута при резултат 1-1 кога пукна петарда до играчот на Панатинаикос, Хуанкар. Тој со носилки беше изнесен од теренот, а неговите соиграчи се повлекоа во соблекувалната.
Судијата Мареска од Италија, бара фудбалерите на двата тима да се вратат и да го доиграат натпреварот. Причина за тоа е податокот дека официјалниот доктор на натпреварот не потпишал документ дека Хуанкар е повреден. Од Панатинаикос тврдат дека фудбалерот не слуша поради силната екслпозија, додека докторот смета поинаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА