„Докторска дизертација“ на Енрике – ПСЖ против Арсенал во финалето на ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен се пласираа во ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва ремизираа на реваншот против Баерн Минхен на „Алијанц арената“ 1-1.

По феноменалниот натпревар одигран пред осум дена во Париз кој заврши со победа на „светците“ од 5-4, неверојатен старт имаше и овој дуел откако гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Усман Дембеле уште во 3. минута на асистенција на Квича Квараскелија.

Во продолжението од мечот  Луис Енрике тотално го надигра Винсент Компани. ПСЖ тотално ја умртви играта и не му дозволи на противникот да создаде ниту една голема шансa се до 94. минута кога Хари Кејн израмни на 1-1. Сепак, сето ова беше предоцна а „светците“ стигнаа до ново финале во елитното натпреварување.

Bayern Munich 0 – [1] PSG [4-6 on agg.] – Ousmane Dembélé 3'
byu/ayoefico insoccer

Во финалето кое е закажано за 30. мај на „Пушкаш арената“ во Будимпешта Пари Сен Жермен ќе се сретне со Арсенал кој вчера беше подобар од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...