Документарен филм за извонредниот подвиг на Кирковски и Тодоровски – Брзинското искачување на Аконкагва (ВИДЕО)

Македонските планинари Александар Кирковски и Димитар Тодоровски, како дел од експедицијата за освојување на Аконкагва (6962 мнв) минатата година запишаа извонреден подвиг со успешно заокружената своја цел за брзинско искачување на највисокиот врв во Јужна Америка.

Целта на Кирковски и Тодоровски беше поаѓајќи од базниот камп Плаза де Мулас (4300 мнв) да се искачи до врвот и да се врати назад за помалку од 12 часа што би било пионерски потфат во балкански рамки, но и резултат вреден многу пошироко. Вообичаеното потребно време за искачување на Аконкагва од базниот камп е три до четири дена.

Но, Кирковски и Тодоровски успеаја до неверојатен подвиг сето тоа сега засекогаш евидентирано и преку документарен филм во која е прикажана авантурата на двајца пријатели на Андите, на патот до нивната цел преку уште едно спортско и животно искуство.

Се вчитува...