Докуре се пресели во Саудиска Арабија

Доскорешниот фудбалер на Евертон, Абдоулаје Докуре во новата сезона ќе се натпреварува во првенството на Саудиска Арабија каде потпиша двогодишен договор со Неом како слободен играч.

Докуре последните пет години ги помина во Премиерлигата каде се наметна како еден од подобрите фудбалери на својата позиција. За Евертон одигра вкупно 166 натпревари на кои 21 пати ја тресеше мрежата, а забележа и 14 асистенции.

Претходно настапуваше и за Вотфорд, Рен и Гранада.

Се вчитува...