Работнички одигра „мајсторска“ одбрана во вторто полувреме од финалната пресметка во Купот на Македонија со Блокотехна дојде до десеттиот трофеј и суверено го држи приматот, екипа со најмногу пехари.
„Блокотехна одигра добар меч, тие имаа напорна недела и мора да им се честита за се што направија. Резултатот можеби не го кажува тоа, но не беше лесно да се дојде до победата. Ние ја променивме одбраната во второто полувреме, одигравме многу квалтиетно и благодарение на тоа го остваривме успехот“ – вели предводникот на Работнички. Марин Докузовски.
Освоениот Куп е дополнителна мотивација на патот до одбраната на титулата во првнеството, порачува Докузовски.
„Јас имам многу трофеи, но сепак секој пехар е значаен, за Работнички е ова многу важно и му го посветуваме на градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. Има уште многу да се игра до крајот на сеозната, но амбициите на Работнички како голем клуб секогаш се шампионски“ – потенцира тренерот на акутелниот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА