Доминација на Фабио Квартараро во Холандија

Фабио Квартараро на Јамаха триумфираше на трката за Големата награда на Холандија која се возеше на патеката Асен. Французинот до победата стигна со убедливо возење уште од самиот старт на трката. Второто место му припадна на неговиот клупски колега од Јамаха, Шпанецот Маверик Вињалес. Подиумот го надополни актуелниот светски шампион Жоан Мир на Сузуки.

Марк Маркез кој поради вчерашниот пад на 3. тренинг стартуваше како дваесетти трката за ГН на Холандија ја заврши на седмата позиција. Легендарниот Валентино Роси не успеа да ја заврши трката откако имаше пад, по кој за среќа настрада само неговиот мотор.

Во генералниот пласман Фабио Квартараро ја зголеми својата предност пред својот сонародник, Жоан Зарко кој денеска заврши како четвртти .

Се вчитува...