Доминација на Ферари, Кубица го освои 24 часа Ле Ман

Роберт Кубица, поранешен возач на Формула 1, ја освои најпознатата трка на издржливост во светот. Со тоа ја продолжи доминацијата на Ферари на оваа трка, која трае трета година по ред. 

Овојпат Кубица прв ја мина целта и му донесе победа на италијанскиот тим.

Кубица, поранешен возач на рели и возач на Формула 1, го предводеше екипажот со број 83 до победа, додека тимот на Порше заврши на второто место, а тимот на Ферари на третото место со број 51.

Интересно е што во недела наутро видовме и мини-конфликт во Ферари. Шефот на тимот му рече на Кубица да вози побавно и да остане зад тимот 51, но тој одби.

Се вчитува...