Доминација на Шкендија: По пенал рулетот освоен и младинскиот Куп на Македонија!

По освоениот трофеј во Купот на Македонија во кадетска конкуренција, Шкендија ја продолжи доминацијата во младинските категории освојувајќи ја титулата и во Купот на Македонија за младинци.

Во денешното финалето во Охрид, младинците на Шкендија славеа против Работнички дури по изведувањето на пеналите со 5-4, откако во регуларниот дел мечот заврши без голови.

Претходно, Шкендија во кадетска конкуренција во финалето со 5-3 славеше против битолски Пелистер.

Завршницата на фудбалскиот Kуп на Македонија во Охрид продолжува утре со финалните средби за помлади пионери и пионери. Првото финале помеѓу Шкеднија и Работнички е закажано за 10 часот. Во 17 часот за пехарот во конкуренција на пионери ќе играат Вардар и Академија Пандев. Следниот ден на Стадионот „Билјанини iзвори“ е закажaна и последната финална средба, каде ќе играат помладите петлиња на Вардар и Шкендија.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...