Доминација на Сузуки, Мир на чекор до титула во Мото ГП шампионатот

Жоан Мир е чекор поблиску до освојување на титулата во Мото ГП шампионатот откако денеска триумфираше на трката за големата награда на Европа која се возеше на патеката во Валенсија.

Доминацијата на Сузуки ја потврди Алекс Ринс кој заврши на втората позиција, додека третопласиран беше Пол Еспаргаро на КТМ. Во топ 10 уште се најдоа и Накагами, Оливеира, Милер, Биндер,  Довициозо, Зарко и Петручи.

Жоан Мир е водечки во генералниот пласман на две трки пред крајот на шампионатот, пред неговиот тимски колега Алекс Ринс и Фабио Квартараро на Јамаха.

Се вчитува...