Доминик Парис и со втора победа во два дена во Бормио, страшен пад на Австриецот Рихелт

Италијанскиот скијач Доминик Парис победи и на вториот спуст во Бормио. По вчерашната победа и денеска имаше извонредно возење и со време од 1:55.37 стигна до втората победа во два дена.

Италијанецот на второто место, токму како и вчера, го остави Швајцарецот урс Криенбахл за 0.08 секунди како и Беат Фојц кој го комплетираше подиумот.

За Парис ова е вкупно петта победа во спуст на патеката во Бормио, т.е е 18-та во кариерата во Светскиот куп.

Трката ја одбележа и падот на австрискиот возач Ханес Рихелт кој со хеликоптер беше префрлен во болница. Во борбата за Малиот глобус во спуст, Беат Фојц има 240 бода, а Парис е со 204 бода. Во генералниот пласман и натаму водечки е Хеник Кристоферсон.

Се вчитува...