Доминик Тим по драматичното финале на УС Опен: Би сакал двајцата да сме шампиони (ВИДЕО)

Доминик Тим стана првиот тенисер во опен ерата што успеал да се врати по негатива од два сета и да ја освои титулата на УС Опен. Тој губеше со 2-0 во сетови од Александр Зверев и беше во брејк негатива, но направи сензационален пресврт за првиот грен-слем трофеј во кариерата. Австриецот е првиот тенисер роден по 1990 година со грен-слем титула.

„Со Саша се запознавме во 2014 година. Двајцата бевме надвор од топ 100 и веднаш станавме пријатели. Некаде во 2016 година почна нашето ривалство и двајцата направивме големи успеси и на теренот и надвор од него. Неверојатно е колку далеку стигнавме. Би сакал да можеше да има два победника. Навистина двајцата заслуживме. Се сеќавам кога ми рече дека ќе осовјам титула. Сигурен сум дека и ти ќе освоиш грен-слем и оти твоето семејство ќе биде гордо на тебе“ – рече Тим зборувајќи за Зверев на церемонијата на доделување на наградите.

 

 

Се вчитува...