Доминиканска Република ја изненади Германија, Чешка до прва победа на Мундобаскетот

Репрезентацијата на Доминиканска Република ја изненади Германија со 70-68, обезбедувајќи пласман во нок-аут фазата на Светското првенство во Кина. Германците беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со плус пет (21-16). Потоа следуваше одлична игра на Доминиканците, особено во одбраната, сопирајќи ги Германците на само шеесет и осум поени, за конечна победа од 70-68. Виктор Лиз уфрли 17 поени, а еден помалку имаше Елој Варгас. Кај Германците единствен расположен беше Шрудер со уфрлени 20 поени.

Чешка стигна до првата победа на Мундобаскетот совладувајќи ја Јапонија со 89-76. Чесите во текот на целиот меч го контролираа резултато, недозволувајќи им на Јапонците во нитуе еден момент да се надеваат дека можат да стигнат до победата. Јаромир Бохачик и Блејк Шилб беа најдобри поединци во победничкиот табор со по 22 поени, додека кај Јапонците најефикасен беше Руи Хачимура со 21 поен.

Се вчитува...